Највкусното поховано пилешко – Рецепт и совет за овие вкусни залачиња

Највкусното поховано пилешко – Рецепт и совет за овие вкусни залачиња

Ако сте љубители на пилешкото месо, ова е вкусен рецепт кој многу ќе ви се најде во кујната.

Еве го рецептот за овој вкусен ручек за целото семејство:

Состојки:

  • 800 гр пилешко месо
  • сенф
  • 2 јајца
  • брашно
  • презла
  • вегета

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото месо исечете го на мали парчиња и ставете го во длабок сад.
  2. Посолете и промешајте, па од едната страна премачкајте ги парченцата со сенф.
  3. Потоа, ставете ги парченцата месо едно по едно во чинија со две разматени јајца, па во чинија со презла и вегета.
  4. Ставете ги да се пржат во сад со врело масло.
  5. Откако ќе се испржат, ставете ги на салфета да ја впие маснотијата од парченцата, па послужете со сос од домати, павлака, мајонез или друг сос по ваш вкус.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Плескавици со еден додаток

Плескавици од пилешко и шампињони

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Слатка зелка со мелено месо

singlepost_text