Тава со јајца и павлака – Рецепт за викенд деликатес

Тава со јајца и павлака – Рецепт за викенд деликатес

Направете вкусна деликатесна тава за појадок.

Одличен рецепт за претстојниот викенд, еве што ви е потребно и како да го приготвите ова јадење:

Состојки:

  • 250 мл Пекабела павлака
  • 8 јајца
  • магдонос
  • 150 гр сирење
  • 1 лажица презла
  • 1 лажица путер
  • доматен сос или салца

Начин на подготовка:

  1. Огноотпорен сад се премачкува со путер, па се става киселата павлака на дното.
  2. Едно по едно сите јајца се кршат во садот и се ставаат едно до друго, над павлаката, па се реди магдонос по вкус, изренданото сирење, презлата и путерот. По вкус одозгора може да нанесете и малку доматен сос или домашно салце.
  3. Се пече додека јајцата не се готови или околу 10 минути во загреана рерна на 220 степени.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Ги чувате јајцата на вратата од фрижидерот?

ВИДЕО: Ова се прави од картон од јајца

Мафини со јајца на око

Печени јајца со сос

Сакате совршено пржени јајца?

ВИДЕО: Дали досега погрешно сме ги пржеле јајцата?

ВИДЕО: Шест одлични готварски трикови

ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца