Појадок кој е вкусен и откако ќе се олади – Тава за добро утро

Појадок кој е вкусен и откако ќе се олади – Тава за добро утро

Не го губи вкусот ни откако ќе се олади, многу е вкусно и брзо. Направете појадок со палачинки.

Еве го рецептот:

Состојки за палачинки:

  • 500 гр брашно
  • 3 јајца
  • 2 дл кисела вода
  • 6 дл млеко
  • 1 лажичка сол
  • малку масло

Состојки за фил:

  • 400 гр сирење
  • 3 јајца
  • 1 јогурт
  • сол

Состојка за премачкување:

  • 200 мл Пекабела павлака

Начин на подготовка:

  1. За палачинките се мешаат сите состојки со миксер, се става масло во тава и се печат палачинките според стандардната постапка. Втора опција е да ги купите готови од маркет, се разбира доколку немате време за подготовка.
  2. За филот се мешаат јајцата со јогурт и малку сол, се става изронетото сирење. Филот се нанесува врз едната страна на палачинките, тие се виткаат во ролни и се редат во претходно подмачкан плех.
  3. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути. Пред самиот крај или веднаш откако ќе ги извадите од рерна намачкајте ги одозгора со павлаката.

На здравје!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми