Брз појадок или вечера – Ставете ги состојките по овој редослед

Брз појадок или вечера – Ставете ги состојките по овој редослед

Рецепт кој е совршен за жени кои се растргнати меѓу професионалниот живот и сите домашни обврски. Брзо и лесно се прави, а одлично да го приготвите за појадок.

Состојки:

  • 500 гр свежо сирење
  • 500 гр маргарин
  • 500 гр брашно
  • 1 сув квасец или 1/2 свеж квасец
  • 2 жолчки
  • сол
  • сусам
  • ким

Начин на подготовка:

  1. Се меси тесто од брашното, маргаринот и сирењето, се додава квасецот, па се остава малку да нарасне. Најдобро е прво да го изроните маргаринот, па потоа да го додадете во брашното, а на крај сирењето, за да се замеси убаво без грутки.
  2. Тестото ставете го на плех и исечете го на коцки.
  3. Премачкајте го одозгора со жолчките и ставете сол, сусам, ким и друго по желба.
  4. Се пече во загреана рерна на 200 степени помеѓу 20-30 минути.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал