Меленото месо заменете го со карфиол – Деликатесни полнети пиперки

Меленото месо заменете го со карфиол – Деликатесни полнети пиперки

Пиперките најчесто ги полниме со мелено месо, но постојат и други идеи за супер вкусен ручек.

Ако ја направивте ручек идејата за полнети пиперки со компир или со сирење и јајца, сега е на ред да подготвите пиперки со карфиол.

Состојки:

  • 3-4 лажици масло
  • 1 главица кромид
  • 1 карфиол (околу 500 грама)
  • 1 шолја ориз
  • 1 чешне лук
  • малку магдонос
  • зачини
  • 12-14 пиперки

Начин на подготовка:

  1. Ситно се сечкаат кромидот и лукот и се пржат во тавче со врело масло, па се додава и оризот со шолја вода.
  2. Карфиолот се ренда или се сече што е можно поситно, па и тој се додава во тавата.
  3. Се пржи смесата и постепено се додава вода додека карфиолот и оризот да омекнат.
  4. Се ставаат зачини по вкус: вегета, сол, бибер, црвен пипер…како и сечкани листови магдонос.
  5. Се полнат пиперките. Се редат во тава претходно подмачкана со масло, а одозгора се става фолија.
  6. Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
  7. 5-10 минути пред крајот на печењето, тргнете ја фолијата. Вратете ги да се допечат.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Полнети пиперки со сирење

Брускети со печени пиперки

Пиперки полнети со зелка

Домашни пиперки во павлака

Полнети пиперки со пилешки гради

Полнети пиперки на босански начин

Полнети пиперки со шампињони