Деликатесен старт на денот, направете пакетчиња со сирење.
Вкусен појадок, кој ќе го направите на следниот начин:
Состојки:
- 400 гр брашно
- 20 гр свеж квасец
- 1 лажичка шеќер
- 150 гр растопен путер
- 1 дл јогурт
Состојки за фил:
- 150 гр сирење
- 3 лажици рендан кашкавал
Состојка за премачкување:
- 1 јајце
Начин на подготовка:
- Се растопува квасецот во шолја со млака вода и шеќер, па се замесува тесто со брашното, путерот и јогуртот. Се остава да нарасне околу 45 минути.
- Нараснатото тесто се премесува, се расукува со сукало, па се сечат квадрати.
- На средината се става изматен фил од сирење и кашкавал, па се затвара кокцата така што ќе ги доближите краевите, да изгледаат како пакетче.
- Притиснете да се затвори убаво.
- Наредете ги во подмачкан плех, премачкајте ги одозгора со разматено јајце, а по желба ставете и ким или сусам…
- Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
- Одлични се во комбинација со јогурт или павлака.
Добар апетит!
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Појадок со кој ќе топите килограми