Појадок за само 15 минути – Заборавен, а толку вкусен рецепт

Појадок за само 15 минути – Заборавен, а толку вкусен рецепт

Утрото може да започне со овој деликатес кој шири арома поради која сите ќе седнат на маса.

Малку подзаборавен, но вкусен рецепт. Еве како да го направите овој појадок:

Состојки:

  • 1 леб на парчиња (колку што ќе ви собере на плех)
  • 1 јајце
  • 150 гр Пекабеско шунка рендана
  • 100 гр сирење
  • 1 шолја јогурт
  • 1 лажичка вегета
  • сол
  • оригано
  • магдонос
  • малку млеко за лебот

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
  2. Измешајте ги сите состојки освен лебот и млекото.
  3. Подмачкајте плех за печење со масло, ставете ги парчињата леб во млекото да омекнат, но само од едната страна, и и со таа страна редете ги во плехот.
  4. Од филот ставете на парчињата леб и печете околу 10 минути додека не се испече јајцето. Одозгора може да наредите и парчиња Пекабеско кулен како на фотографијата.
  5. Одлични се во комбинација со јогурт.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*