Пита која една состојка ја прави различна од сите други рецепти

Пита која една состојка ја прави различна од сите други рецепти

Направете вкусна и богата пита која со една состојка се разликува од другите рецепти, но ќе ви стане омилена.

Ова е рецептот за пита со ореви во тестото:

Состојки за тесто:

  • 500 гр брашно
  • 2 лажици масло
  • 1/2 квасец
  • 200 мл вода
  • 100 гр сечкани ореви

Состојки за фил:

  • 3-4 главици кромид
  • 150 гр сечени ореви
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Од водата, квасецот, малку сол и маслото, заедно со брашно убаво замесете тесто кое треба да отстои 10 минути.
  2. Поделете го на три дела, премачкајте ги со масло, ставете 100 гр убаво сечкани ореви, па премесете. Вака направете уште два пати.
  3. Развлечете ги малку корите, ставете ја првата во тепсија и испрскајте ја со малку масло, па ставете врз неа од филот. Тој се прави така што ќе го испржите кромидот со сол, па ќе ги ставите останатите 150 гр ореви, бибер и некој друг зачин по ваш вкус.
  4. Ставете ја втората кора, па фил, се така додека има кори и фил.
  5. Испрскајте со масло најодозгора и ставете од оревите, па печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Ова е тајната на совршена домашна пита: Тајната не е во корите, туку…

Брза пита со готови кори по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*