Нов вкусен рецепт: Пилешки прсти на посебен начин

Нов вкусен рецепт: Пилешки прсти на посебен начин

Вкусен ручек со пилешко месо. Брзо и лесно се прави.

Еве кои состојки ви се потребни, како и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 750 гр бело месо
  • 2 јајца
  • 1 пакетче солени переци
  • 1 шолја брашно
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

  1. Се вклучува рерната да се загрева на 200 степени додека се спрема месото.
  2. Пилешкото се сече на коцки (големина по избор), се става во чинија, му се додава сол и бибер и се меша. Додајте и зачини по вкус.
  3. Се матат јајцата во сад, во друг сад се става брашното, а во трет сад се ставаат истолчените переци.
  4. Ставете хартија за печење на плех, како и малку масло.
  5. Секоја коцка месо се става во садот јајцата, потоа во садот со истолчените переци, па во садот со брашното и се реди во плехот.  Испрскајте малку масло од горе, па печете од двете страни по 10 минути.

На здравје!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Пилешко месо со бело вино

Плескавици со еден додаток

Плескавици од пилешко и шампињони

Поховани батаци

Батаци во сос

Гурмански батаци

Вкусни месни залаци

Пита со мелено месо и праз

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*