За изненадни гости и за најблиските – подгответе ги овие грицки брзо и едноставно!
Состојки:
- 200 гр брашно
- 100 гр интегрално брашно
- 100 гр путер или маргарин
- 1 јајце
- 1/2 прашок за печиво
- 100 гр солени кикирики
- 150 гр тврдо сирење
- 2 лажици сусам
- 2 лажици семки од сончоглед
- 2 лажици ленено семе
Начин на подготовка:
- Во чинија ставете брашно, додајте прашок за печиво, јајце, мелени кикирики, издробено сирење, сусам, сончоглед, ленено семе и сè добро измесете да добиете глатко тесто.
- Развлечете тенко со сукало и вадете кекси по желба и испечете. Можете да ги испечете и во преса за колачи.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт