Брз ручек: Пржено пилешко во сос од вино

Брз ручек: Пржено пилешко во сос од вино

Ако сакате да подготвите ручек на брзина ова е идеален рецепт за вас – пржено пилешко во сос од вино…

Состојки:

  • 2 парчиња пилешки гради
  • 2 лажици сок од лимон
  • сол
  • бибер
  • презла
  • масло
  • 100 мл пилешки бујон
  • 50 мл бело вино
  • 1 лажица путер

Начин на подготовка:

  1. Пресечете ги пилешките гради на половина и малку исчукајте ги да бидат потенки. Премачкајте ги со сок од лимон и зачинете ги со сол и бибер. Извалкајте ги во презла.
  2. Во тава загрејте масло. Пржете го пилешкото 3-4 минути од секоја страна. Извадете го од тавата и оставете го на топло.
  3. Во тавата додајте бујон и бело вино. Гответе на оган 1-2 минути со мешање. Тргнете ја тавата од оган и додајте путер.
  4. Со сосот прелијте го пилешкото и послужете.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*