Брз колач со јаболка и јогурт – Повкусен од крофни, рецепт кој брзо се прави

Брз колач со јаболка и јогурт – Повкусен од крофни, рецепт кој брзо се прави

Направете брз колач со јогурт. Лесно се прави, а вкусот е посебен.

Еве што ви е потребно:

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 шолја јогурт
  • 1/2 шолја масло
  • 2 шолји брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 4 јаболка
  • 100 гр шеќер

Начин на подготовка:

  1. Се матат јајцата со шеќерот, а кога масата ќе стане светла, се додава и маслото.
  2. Се додаваат наизменично (малку по малку) брашното и јогуртот.
  3. Измешајте, соединете, па ставете го и прашокот за пециво.
  4. Се става тестото во намачкан плех.
  5. Се распоредуваат јаболката над тестото кои треба да бидат претходно измиени, излупени и изрендани. По желба можете јаболата да ги исечката на тенки парчиња како на фотографијата.
  6. Се пече околу 25 минути во загреана рерна на 180 степени.
  7. Доколку сакате да биде поблаго, на половина од печењето извадете го колачот наросете му шеќер или шеќер во прав и вратете да се допече.

Уживајте во овој вкусен и брз за подготовка десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Колачи за 15 минути

Обланда ролат со ореви

Обланда за 15 минути

Брзи мафини: Неодолива комбинација од јаболко и чоколадо

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Баклава

singlepost_text