Растопено чоколадо со ореви и кикирики – „Лудило” вкус, а брзо за правење

Растопено чоколадо со ореви и кикирики – „Лудило” вкус, а брзо за правење

Направете вкусни чоколадни колачи со ореви, кикирики и бисквити.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 250 гр шеќер
  • 1 мала шолја вода
  • 250 гр маргарин
  • 400 гр мелени бисквити
  • 200 гр мелени ореви
  • 200 гр мелени кикирики

Состојки за глазура:

  • 150 гр посно чоколадо
  • 6 лажици масло
  • 50 гр кикирики

Начин на подготовка:

  1. Шеќерот се мати со малку вода, па се остава да врие на оган 2-3 минути.
  2. Се додава и маргаринот, па се меша да се истопи.
  3. Се трга од оган, па се додаваат и бисквитите со ореви и кикирики. Може по вкус да додадете и какао.
  4. Се меша се и се обликува кора, па се остава да се лади и убаво да се спои во фрижидер.
  5. Се сече на коцки со големина каква што сакате, па се прави глазурата со топењее на масло, чоколадо и кикирики, па се прелева врз колачот.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Колачи за 15 минути

Обланда ролат со ореви

Обланда за 15 минути

Брзи мафини: Неодолива комбинација од јаболко и чоколадо

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*