Денот нека почне деликатесно – Уштипци со цвекло

Денот нека почне деликатесно – Уштипци со цвекло

Направете еден нов деликатес за почеток на денот.

Еве кои состојки ви се потребни и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 2 јајца
  • 200 гр изрендано цвекло
  • 1 прашок за пециво
  • 1/2 коцка квасец
  • 250 мл млеко
  • 500 гр брашно
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица масло за готвење

Начин на подготовка:

  1. Се меси тесто од состојките (освен цвеклото), па се остава 10 минути да нарасне.
  2. Се развлекува, се сечат коцки и се полнат во средината со цвекло. Убаво се завиткуваат од сите страни за да не излезе цвеклото.
  3. Се пржат во врело масло, па се оставаат на салфета да впие маснотија.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*