Необичен десерт: Чизкејк од тиква

Необичен десерт: Чизкејк од тиква

Освен што е здрав и богат со влакна, лесниот десерт со вкус на тиква е идеален и за подготовка на разни десерти.

Состојки:

  • 350 гр тиква
  • 150 гр суви бисквити
  • 140 гр путер
  • 140 гр шеќер
  • 500 гр сирење
  • ванилин шеќер
  • 2 дл млеко
  • 4 јајца
  • карамел

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ја тиквата и исечкајте ја на коцки, па згответе ја 20 минути во млеко (со додаток на вода по потреба), а потоа додајте путер во мешавината. Со миксер измиксајте во глатка смеса, па изладете. Потоа во мешавината додајте две јајца.
  2. Направете подлога за чизкејк: измешајте суви бисквити со 100 гр путер и стиснете во калап во кој ќе ја подготвувате тортата.
  3. Измешајте го сирењето со две јајца, ванилин и обичен шеќер.
  4. На подлогата излијте ја смесата од сирење, потоа и таа од тиквата, а потоа кога сè ќе се излади прелијте со карамел, по желба.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*