Овој рецепт за кремпита е одличен за спортисти бидејќи содржи квалитетни аминокиселини и јаглехидрати, а идеален е и за лица кои не консумираат млеко.
Состојки:
- 10 јајца
- 300 гр кафеав шеќер во прав
- 350 гр пченкарен скроб
- 2 кесички ванилин шеќер
- 10 дл вода
- 15 дл сирутка
- 1/2 пакетче лиснато тесто за 2 кори
- 100 гр кафеав шеќер во прав за белките
Начин на подготовка:
- Развлечето лиснато тесто во две кори и печете на 180 степени 15 минути.
- Исечете една кора со големина на лимот.
- Згответе сирутка, пченкарен скроб, жолчки, кафеав шеќер и ванилин шеќер. Кога смесата ќе згусне, тргнете од оган и лесно мешајќи додајте цврст снег од белки.
- Смесата излејте ја во калап и изладете. На врвот ставете ја другата кора.
Послужете и уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта