Јајца во маринара сос

Јајца во маринара сос

Ви донесуваме едноставен рецепт за јајца во маринара сос. Необично, а вкусно јадење!

Состојки:

  • 3 домати
  • 1 главица црвен кромид
  • сол
  • бибер
  • оригано
  • маслиново масло
  • 3 јајца
  • сирење

Начин на подготовка:

  1. Исчистете го кромидот па ситно исечкајте го. Доматите кратко избланширајте ги, излупете ги и исечкајте ги на коцки.
  2. На маслиново масло продинстајте го кромидот на умерена температура да стане мек и провиден.
  3. Во тоа додајте го подготвениот домат, зачинете и динстајте со редовно мешање додека не испари вишокот течност (десетина минути).
  4. Загрејте ја рерната на 220 степени. Во огноотпорен сад префрлете го динстаниот зеленчук, направете мала вдлабнатина, додајте сирење, јајца и преку јајцата изрендајте уште малку сирење.
  5. Печете 15-тина минути, декорирајте со магдонос или босилек и послужете со леб.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*