Направете го најбрзиот рецепт за крофни. Не случајно го имаат добиено името експрес крофни.
Еве го рецептот:
Состојки:
- 2 шолји брашно
- 1 шолја јогурт
- 2 јајца
- 2 прашок за пециво
- малку сол
Начин на подготовка:
- Сите состојки заедно се ставаат во сад, добро се меша сè со лажица додека да се соедини.
- Со голема лажица се става од смесата форма на крофни во врело масло и се пржат, па се цедат на салфетка.
Уживајте во овој брз и вкусен десерт 🙂
Прочитај повеќе на Gotvi.mk: