Ако ви здодеа од бомбици, торти и чоколади, време е да пробате нешто вкусно и ново во вашата кујна, кое ќе биде на листата на омилени десерти на семејството и најблиските.
Малку потребни состојки, малку време, а супер вкус – еве го рецептот:
Состојки:
- 2 јајца
- 1 шолја јогурт
- малку сол
- 2 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 1 прашок за пециво
- 2 шолји мелени бисквити или плазма
- малку рум
Начин на подготовка:
- Сите состојки се ставаат заедно во сад и се матат со жица, додека да се изедначат.
- Се загрева масло во тава, се прават топчиња и се пржат во врелото масло.
- Се ставаат потоа на салфета за да се впие маснотијата.
- Топчињата правете ги со лажица за сладолед, но внимавајте да не ја преполните, за да не се направат при пржењето остатоци од тестото околу топчето.
- Се ладат малку, им се става шеќер во прав и се послужуваат. По вкус можете да им ставите одозгора и кокос.
Уживајте во овој вкусен десерт 🙂
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Брзи мафини: Неодолива комбинација од јаболко и чоколадо
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди