Здрави и вкусни проја мафини

Здрави и вкусни проја мафини

Неодоливи солени залаци – се прават многу лесно и брзо, а одговараат на сечиј вкус, бидејќи можете да ги прилагодувате состојките како што сакате.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 шолја (150 мл) пченкарно брашно
  • 1 шолја интегрално спелтино брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1/2 шолја масло
  • 1 шолја кисела вода
  • 100 гр сирење
  • 1 шолја јогурт

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со жица за матење. Додајте јогурт и масло, кисела вода, па сè соединете.
  2. Брашната измешајте ги со прашок за печиво и сол, па додајте ги во масата со јајца и соединете со жица за матење, да нема грутки. 
  3. На крај додајте издробено сирење. Измешајте. Вклучете ја рерната на 190 степени. Ставете го тестото во калап за мафини, па ставете да се пече. Послужете топло.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text