Варени крокети од компири

Варени крокети од компири

Често јадеме пржени, печени или варени компири, мусака или некој друг компир деликатес, но доколку сакате нешто да промените, имаме вкусен рецепт.

Направете компир топчиња кои се вкусни, но и се одличен прилог со месо.

Состојки:

  • 500 гр компири
  • 500 гр брашно
  • презла
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Се вари компирот со лушпа, потоа се лупи и грубо се пасира со вилушка.
  2. Компирот се става во сад со солта и брашното.
  3. Се соединува смесата, па се формираат топчиња. Ставајте ги во врела вода да се сварат.
  4. Откако ќе бидат готови, убаво се поминуваат во сад со презла и се послужуваат.
  5. Можете да ги комбинирате со месо или риба.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Трик за совршено печен компир

Плескавици од компир

Компир пита со праз

Повеќе од компир деликатес

Рецепт за најкремастото пире од компири

Кнедли од компири

Компир плочки со богат фил

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*