Деликатесен рецепт за домашен пица бурек – Еден додаток за различен вкус

Деликатесен рецепт за домашен пица бурек – Еден додаток за различен вкус

Направете домашен и вкусен пица бурек со туна, а еден додаток го менува вкусот на кој сме навикнати.

Одличен начин да се почне денот, а еве го рецептот:.

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 2 конзерви туна
  • 150 гр кашкавал
  • 150 мл кечап
  • 50 мл кисела вода
  • 50 мл масло
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Кашкавалот се ренда, а во чаша се мешаат киселата вода и маслото, па се додава прашокот за пециво.
  2. Во тркалезна тепсија се става првата кора, па малку од течната смеса и кечап, па туна и рендан кашкавал. Се става и оригано.
  3. Се става и следна кора, така што краевите да излегуваат од тавата. Ставете уште две кори така, повторете ја постапката со смесата со кисела вода и кечап и кашкавал и туна, преклопувајте ги корите како за бурек.
  4. Превртете го бурекот на поголем плех кога ќе ги ставите сите кори, па ставете масло во плехот од кој го извадивте бурекот и вратете го таму.
  5. Премачкајте го и одозгора со масло и кисела вода, па ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Шарен бурек со зеленчук

Бурек на стар начин

Направете хроно бурек

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*