Зимските денови се идеално време за јадења од кисела зелка…
Ви донесуваме рецепт за сарми – омиленото традиционално јадење, овој пат подготвено на малку поинаков начин.
Состојки:
- 400-500 гр свински шницли
- 200 гр скараџиски колбаси
- 200 гр сланина
- 250 гр суви ребра
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- црвена пипер
- листови кисела зелка
- зачин
- мелен бибер
- ловоров лист
- масло
Начин на подготовка:
- На масло пропржете ситно сечкан кромид. Шницлите исечете ги на ленти со ширина од 2 см па пропржете ги со кромид. Потоа додајте зачин, пипер, сечкан лук и мелен бибер.
- Издвојте листови зелка, па нанесете месо и малку кромид, потоа исечете парче колбас и лист-два сланина. Ставете во листот па свиткајте сарма. На дното на тенџерето ставете листови зелка, па сармите редете ги во тенџере.
- Во средина ставете суви ребра и ловоров лист, налијте со вода и ставете на тивок оган да се готват час и половина.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете го во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Полнет ананас со ориз и пилешко