За овој десерт ви треба само блендер – Бомбици со банана и суво грозје

За овој десерт ви треба само блендер – Бомбици со банана и суво грозје

Направете вкусни и брзи бомбици во вашата кујна, со суво грозје и банани кои даваат неверојатен вкус.

Еве што ви е потребно и како да ги направите:

Состојки:

  • 2 банани
  • 400 гр бисквити
  • 125 гр маргарин
  • 100 гр шеќер во прав
  • 2 лажички рум
  • 100 гр суво грозје
  • 100 гр мелени лешици

Начин на подготовка.

  1. Бананите се лупат и се пасираат во блендер, а во друг сад се матат маргаринот и шеќерот во прав.
  2. Се додаваат бананите, бисквитите, румот и лешниците и повторно се ставаат во блендер.
  3. Се додава и сувото грозје, па се меша се со рака да се добие смеса како за бомбици.
  4. Оставете да се стегне половина час во ладилник, па обликувајте бомбици и декорирајте ги по желба прелеани со чоколадо.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Обланда ролат со ореви

Обланда за 15 минути

Брзи мафини: Неодолива комбинација од јаболко и чоколадо

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Баклава

Баклава со вишни

singlepost_text