Ви се скрши стаклена чаша? Нема да остане ни парче на подот со два трика

Ви се скрши стаклена чаша? Нема да остане ни парче на подот со два трика

Ако ви се скрши стаклена чаша во кујната, нема потреба да се грижите дали некој може да се исече од ситните парченца кои летаат на сите страни бидејќи има трик со кој ќе ги соберете сите делови.

Најкрупните делови соберете ги внимателно со рака, средните со метла и кантичка, додека поситните на подот соберете ги на двата следни начини:

  1. Леплива трака или дебел салотејп – дебелиот салотејп го користите од лепливата страна со цел да се залепат сите ситни парченца. Овој трип е препорачлив за помеки површини како што е тепихот.
  2. Кујнски брисачи – Свиткајте го парчето неколку пати па потопете го кратко под млаз вода. Поминете по мазните површини како што тоа би го направиле со крпа. Потребни ќе ви бидат повеќе парчиња кујнски брисачи. Бидете внимателни и прво убаво проверете дали сите средни и крупни парчиња стакло веќе сте ги собрале од мазните површини со цел да не се пресечете.

Секако, на крајот е препорачливо да поминете и со правосмукалка.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите

БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките