Цвекло и крушки: Рецепт за салата која помага при слабокрвност, ги зајакнува крвните садови, го подобрува варењето, го намалува холестеролот

Цвекло и крушки: Рецепт за салата која помага при слабокрвност, ги зајакнува крвните садови, го подобрува варењето, го намалува холестеролот

Ако сакате да изедете нешто навистина здраво, измешајте крушки и цвекло!

Цвеклото е богато со минерали, помага при слабокрвност, ги зајакнува крвните садови, додека крушките со минералите и витамините, содржат и многу билни влакна кои го подобруваат варењето.

Покрај тоа, крушките содржат и многу пектин, кој го намалува холестеролот и го стабилизира нивото на глукоза во крвта.

Состојки:

  • 500 гр цвекло
  • 50 мл балсамико оцет
  • 1/2 лажичка бел бибер
  • 150 гр крушки
  • 40 гр желе од боровница
  • 1 лажица скробно брашно
  • 1 лажица шеќер
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Цвеклото измијте го, излупете го и исечете го на тенки парчиња. Во лонец ставете оцет, 1 дл вода, зачинете со сол и бибер, додајте цвекло и динстајте на слаб оган. 
  2. Крушките измијте ги, излупете ги, одвојте ги коските и исечете на парчиња. Пред цвеклото целосно да омекне, додајте ги крушките и динстајте уште 10 минути. 
  3. Пред сервирање, разматете скробно брашно со 2 лажици вода и желе од боровница, додајте во цвеклото и мешајте додека малку не згусне. По желба зачинете со уште малку оцет и бел бибер.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*