Лесна крем салата – Време е за нов рецепт

Лесна крем салата – Време е за нов рецепт

Ако периодов се прејадовте руска, пилешка или други салати кои најчесто ги има на свечените и празнични трпези, пробајте го овој рецепт.

Време е за нешто посебно и вкусно. Направете салата со моркови по овој рецепт:

Состојки:

  • 6 поголеми моркови
  • 200 мл јогурт
  • 1 лажица павлака
  • 2 чешни лук
  • 2-3 лажици маслиново масло за готвење
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

  1. Се рендаат морковите, па се пржат кратко во тавче со маслиново масло. Тргнете ги од оган и оставете да се олади.
  2. Се соединуваат јогуртот и павлаката, иситнетиот лук и сол. Се додава и морковот, па биберот и сè се соединува.
  3. Ставете ја салатата во ладилник околу еден час, па се послужува.

На здравје!

Повеќе салати на Gotvi.mk:

Вкусна салата со јајца

Цвекло со еден додаток – највкусна салата или мезе

Шарена салата

Руска салата без мајонез и шунка

Одлична салата од карфиол

Најдобриот рецепт за руска салата

Запечена цезар салата

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*