Вкусни колачиња за празникот Василица – Се верува дека носат среќа

Вкусни колачиња за празникот Василица – Се верува дека носат среќа

Некои семејства на Василица месат пита со паричка или лепче со паричка, а некои според своите обичаи подготвуваат вкусни колачиња со мед за кои се верува дека носат среќа.

Ова е рецептот за вкусните „Василици”:

Состојки:

  • 600 гр брашно
  • 25 гр свеж квасец
  • 1 лажиче сол
  • 1 јајце
  • 3 дл млеко
  • 250 гр маргарин
  • мед за премачкување

Подготовка:

  1. Се мешаат во сад брашното со квасецот и солта, па се додава јајцето, па млакото млеко.
  2. Замесете тесто, премачкајте го со третина од маргаринот и преклопете го како лиснато тесто, па оставете го да нарасне.
  3. Повторете ја постапката уште 2 пати додека има маргарин.
  4. Направете тесто со дебелина на прст и ставете го во тепсија, па исечете коцки.
  5. Печете во загреана рерна на 180 степени 30 минути, додека не поруменат.
  6. Василиците премачкајте ги со мед.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Брзи мафини: Неодолива комбинација од јаболко и чоколадо

Домашно тоблероне со кока кола

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Баклава

Баклава со вишни

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*