Тиквички со посебен шмек – Вакви сигурно не сте јаделе

Тиквички со посебен шмек – Вакви сигурно не сте јаделе

Направете тиквички полнети со колбаси. Врвен деликатес за ручек или мезе.

Еве ги состојките, како и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 4 тиквички
  • 500 гр Пекабеско колбаси
  • 2 моркови
  • малку магдонос
  • масло
  • 1 коцка за супа
  • 60 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Се сечат тиквичките на половина, се вадат семките и влакната.
  2. Се ставаат во плех со пресечениот дел надолу и се печат во загреана рерна на 250 степени околу 30 минути.
  3. Се пржат колбасите, па се сечкаат на парченца.
  4. Во сад подмачкан со масло се пржи морковот кој треба да биде претходно исчистен и ситно исечен, па се става водата со коцката за супа. Оставете да се вари околу 15 минути на средна температура.
  5. Се промешува заедно со колбасите и малку магдонос. Со смесата се полнат тиквичките во плехот.
  6. Ставете ги да се потпечат во загреана рерна на 210 степени околу 10 минути.

Совет: Тоа што ќе ви остане од издлабените тиквички можете да го употребите за подготовка на супа од тиквички.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Сос со тиквички

Гибаница со тиквички

Деликатесни запечени тиквички

Поховани тиквички на пет начини

Полнети тиквички со кисело млеко

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*