Рецепт за вкусна пита за Василица – Каде треба да ја чувате паричката?

Рецепт за вкусна пита за Василица – Каде треба да ја чувате паричката?

За големиот празник Василица дел од семејства прават пита со паричка, го празнуваат денот како куќна слава или слават именден.

Ви нудиме рецепт за вкусна пита:

Состојки:

  • 500 гр готови кори за пита
  • 650 гр сирење
  • 1 јајце
  • 4 лажици кисела павлака
  • сол

Состојки за премачкување:

  • 1 јајце
  • 4 лажици масло
  • 4 лажици јогурт
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Се соединуваат во еден сад сирењето со едно јајце и киселата павлака. Се става и прстофат сол.
  2. Посебно се матат состојките за премачкување на кората, односно јајцето со маслото, јогуртот и малку сол.
  3. Се ставаат корите за пита на работната маса, па се сечат по средината. Еден лист се премачкува со смесата за премачкување, па се поклопува со друг лист.
  4. Одозгора се ставаат две лажици фил.
  5. Се преклопува питата од сите страни да не излезе филот.
  6. На овој начин се прават сите кори и се редат во подмачкан плех. Се става одозгора малку масло.
  7. Печете во загреана рерна на 200 степени додека не порумени.

Инаку, според верувањата за да имате среќа и бериќет, паричката треба да ја чувате до икона, иако многумина ја чуваат во некој предмет или паричник.

Со среќа на сите кои слават!

singlepost_text