Чоколадни лентички кои децата ќе ги сакаат – Шарени и вкусни

Чоколадни лентички кои децата ќе ги сакаат – Шарени и вкусни

Направете посни и вкусни колачи кои не само што имаат супер вкус, туку имаат и одличен изглед.

Ова се чекорите за подготовка:

Состојки:

  • 150 гр шеќер
  • 1 дл вода
  • 150 гр мелени лешници
  • 150 гр мелени бисквити
  • 50 гр какао
  • 100 гр маргарин
  • 1 кесичка шарени чоколадни бонбони
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • малку масло

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете го шеќерот да се стопи, односно карамелизира, додајте вода и оставете да се растопи заедно 3-4 минути.
  2. Додајте ги и лешниците, бисквитите и какаото.
  3. Тргнете од оган, па додајте ги маргаринот и бонбоните.
  4. Направете правоаголен колач на фолија, а потоа направете глазура на начин што ќе го стопите чоколадото на пареа со малку масло. Откако ќе се олади колачот, ставете му ја глазурата одозгора.
  5. Исечете штангли и ставете мрвици во боја или дел од бонбоните горе за украс.

Уживајте во овој чоколаден вкус за сите генерации 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Домашно Тоблероне со Кока кола

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Баклава

Баклава со вишни

singlepost_text