Тробоен колач – Една состојка го прави посебен

Тробоен колач – Една состојка го прави посебен

Направете едноставен тробоен колач кој има одличен вкус.

Ова е рецептот, како и состојките кои ви се потребни:

Состојки:

  • 1 л млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 12 лажици гриз
  • 2 лажици какао

Состојки за одозгора.

  • 400 гр моркови
  • 6 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 мл вода
  • 3 лажици густин

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ги морковите и исечете ги, па сварете ги за да омекнат. Исцедете и испасирајте.
  2. Се вари млекото, се додава шеќерот, ванилиниот шеќер и гризот додека да се добие потребната густина.
  3. Се дели кремот на два дела. Во едниот се става какао, а другиот останува бел.
  4. Се ставаат во плех прво темниот крем, па светлиот крем.
  5. Ви пирето од морков се ставаат 6 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 200 мл вода. Се вари 5 минути и се става густин, па се соединува.
  6. Оваа смеса се става најодозгора во плехот.
  7. Се декорира по желба.

Уживајте во овој сладок вкус 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Домашно Тоблероне со Кока кола

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Баклава

Баклава со вишни

singlepost_text