Пастирска пита по бабин рецепт (Видео)

Пастирска пита по бабин рецепт (Видео)

Брза и едноставна пита со многу интересен вкус – едноставно јадење со богат вкус кој ќе ги задоволи сите гурмани.

Сосотјки:

  • 400 гр мелено месо
  • 1 морков
  • 1 праз
  • 600 гр компири
  • 150 гр грашок
  • пипер
  • кашкавал
  • сол
  • бибер
  • масло
  • лук

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете праз, па додајте сечкан морков. Кога ќе се издинста додајте месо и грашок и динстајте на тивок оган десетина минути. Додајте зачин, бибер, сечкан лук и пипер. Сè изедначете. Компирите сварете ги и направете пире.
  2. Во огноотпорен сад ставете хартија за печење. На дното ставете го пирето, па додајте го целото месо и прелијте со пире, па израмнете. Преку нарендајте кашкавал. Печете на 200 степени 30 минути убаво да порумени. Кога малку ќе се излади ставете на чинија и сечете коцки. Послужете со салата.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

singlepost_text