Мини погачи – Разбудете го семејството со чинија полна љубов

Мини погачи – Разбудете го семејството со чинија полна љубов

Направете вкусни и брзи мини кифлички за појадок или мезе.

Еве кои состојки ви се потробни и како да ги приготвите:

Состојки за тесто:

  • 1/2 л млеко
  • 1 шолја масло
  • 1 парче квасец
  • 3 лажички сол
  • 3 лажички шеќер
  • 1/2 прашок за пециво
  • 800 гр брашно

Дополнителни состојки:

  • 1 јајце
  • 100 гр сирење
  • сусам
  • 100 гр маргарин

Начин на подготовка:

  1. Од состојките за тесто замесете го тестото и оставете го да нарасне околу 1 час. Премесете и направете топчиња. Наредете ги на плех претходно подмачкан со маргарин и оставете пак да нараснат околу 15 минути.
  2. Секоја погача со прстот втиснете ја во средина и ставете од смесата која ќе ја направите од изматена белка со сирење.
  3. Премачкајте одозгора со жолчката и ставете сусам и малку маргарин за да бидат меки.
  4. Печете 20 минути на загреана рерна на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Почнете го денот со витаминска бомба

singlepost_text