Јаболка од рерна со зрнесто овошје

Јаболка од рерна со зрнесто овошје

Десерт за вистинско уживање…

Состојки:

  • 4 кисели јаболка
  • 4 лажици зрнесто овошје по избор (смрзнато)
  • 4 лажици сок од портокал
  • 2 јајца
  • сол
  • 300 гр посно сремско сирење
  • 6 лажици гриз
  • 2 лажички прашок за печиво
  • неколку капки течен засладувач
  • засладувач во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Јаболката излупете ги, исечете ги на четвртини, исчистете ги од семки и исечете ги на парчиња. Измешајте ги со сок и зрнесто овошје. 
  2. Загрејте ја рерната на 180 степени. Со вилушка разматете јајца, малку сол, сирење, гриз и прашок за печиво. Додајте течен засладувач по вкус. 
  3. Измешајте го овошјето во подготвената маса и сè заедно ставете во намастен плех. Печете околу 45 минути. Извадете од рерна и посипете со засладувач во прав.

 

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text