Тарана со колбаси по деликатесен рецепт – Ручек за два дена

Тарана со колбаси по деликатесен рецепт – Ручек за два дена

Направете ручек кој ќе биде доволен за два дена.

Вкусен ручек, а еве што ви е потребно за да ја приготвите:

Состојки:

  • 750 гр тарана
  • 400 гр колбаси
  • 2-3 бабури
  • 2 главици кромид
  • 1 кг компир
  • 3 лажички вегета
  • 1,5 лажичка црвен пипер
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка бибер
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Во тавче со една лажица масло испржете ги бабурите исечени на мали делови. Додајте го и исечканиот кромид, па ставете ги во тава за печење која има капак и каде подоцна ќе ја додадете и тараната.
  2. Колбасите се сечат на кругови, се пропржуваат, па се лупи компирот и се сече на коцки. Се ставаат компирите и колбасите во тавата за печење.
  3. Сварете ја кратко тараната, па додадете ја и неа. Зачинете.
  4. Ставете 2 литри вода во тавата, измешајте и ставете капак.
  5. Печете во загреана рерна на 200 степени, а ако се згусне додавајте вода.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Јадете тестенини пред спиење – тоа е грешка

Вегетаријански сос за тестенини

Нова идеја за тестенини

Тестенини со сос од печурки

тестенини со кајмак

Тава со тестенини

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*