Ако не се прејадовте руска за празниците: Крем салата со шпагети

Ако не се прејадовте руска за празниците: Крем салата со шпагети

Направете вкусна кремава салата со тестенини. Доколку не изедовте премногу калорична храна за празниците, оваа крем салата е одличен предлог за вас.

Нешто ново и посебно, а рецептот во продолжение:

Состојки:

  • 300 гр пилешко месо
  • 200 гр шпагети
  • 1 шолја Пекабела павлака
  • 2 лажици мајонез
  • 1 главица кромид
  • неколку парчиња карфиол
  • 150 гр Пекабеско замрзнат грашок
  • 3 лажици маслиново масло
  • сол
  • вегета

Начин на подготовка:

  1. Во тавче со масло пржете го кромидот и додајте го исечканото пилешко месо, па солта и вегетата.
  2. Нека се динста на тивко додека да омекне месото, а во посебен сад сварете го грашокот со карфиолот, па исцедете ги.
  3. Сварете ги и шпагетите во солена вода според упатството, па исцедете ги.
  4. Шпагетите, пилешкото и зеленчукот ставете ги во сад са сервирање, додадете ги павлаката и мајонезот, зачинете дополнително по вкус и сè измешајте.

Прочитај оовеќе на Gotvi.mk:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*