Ако ви здодеа од помфрит и печен компир: Калоричен и брз ручек за цело семејство

Ако ви здодеа од помфрит и печен компир: Калоричен и брз ручек за цело семејство

Направете вкусен и брз ручек по напорниот работен ден.

Ова е сè што ви треба:

Состојки:

  • 6 компири
  • 60 гр маргарин или путер
  • 350 гр крем супа од зеленчук
  • 2 шолји кисело млеко
  • 1 кромид
  • 200 гр кајмак

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 175 степени, а садот за печење премачкајте го со малку маргарин.
  2. Обарете ги компирите, па излупете ги и изрендајте ги во чинија. По желба можете компирите да ги исечкате на парчиња.
  3. Стопете го маргаринот или путерот во длабок сад, ставете ја супата со малку вода и варете додека да зоврие. Тргнете ја од оган и помешајте ја со киселото млеко, кромидот и кајмакот. Убаво промешајте.
  4. Ставете го компирот во сада за мешање, а врз него сипете ја направената смеса.
  5. Нека се пече околу 45 минути. На крајот можете одозгора малку да го потпечете по вкус.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Трик за совршено печен компир

Плескавици од компир

Компир пита со праз

Повеќе од компир деликатес

Рецепт за најкремастото пире од компири

Кнедли од компири

Компир плочки со богат фил

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

singlepost_text