Јајца со моцарела – Готови за 7 минути, вкусен појадок за убав почеток на денот

Јајца со моцарела – Готови за 7 минути, вкусен појадок за убав почеток на денот

Кошнички со јајца и моцарела за супер вкусен старт на денот.

Еве го рецептот, како и состојките кои ви се потребни за да го приготвите овој појадок.

Состојки:

  • 1/2 главица кромид
  • 2 јајца
  • 100 мл млеко
  • 1 лажичка маслиново масло
  • 1 лажица пармезан
  • сол
  • бибер
  • моцарела

Начин на подготовка:

  1. Во сад со малку маслиново масло се пржи исчистениот и исечкан кромид, па се става во огноотпорен сад подмачкан со маргарин или путер.
  2. Се матат јајцата со млекото и пермезанот, па се става сол и бибер. Се сипува оваа смеса врз кромидот.
  3. Одозгора се реди моцарела која може да ја исечкате на парчиња или да ја изрендате.
  4. Се пече во загреана рерна на 220 степени околу 6-7 минути
  5. Се служи топло.

Совет: Може да ја ставите смесата и во калап за мафини и така да ја печете.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*