Домашни интегрални крекери со сусам

Домашни интегрални крекери со сусам

Солени, вкусни, ароматични крекери кои крцкаат под забите и се топат во уста, а се подготвуваат за миг.

Состојки за 25 парчиња:

  • 200 гр интегрално брашно
  • 3 лажици сусам
  • 3 лажици ленено семе (половина сомелете)
  • 1 гранче рузмарин, иситнет или сушен околу 1 лажица
  • 60 гр путер на собна температура
  • 100 мл вода
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Печката загрејте ја на 200 степени, а тепсијата обложете ја со хартија за печење. Од сите состојки замесете тесто.
  2. На побрашнета подлога развлечете го тестото на од прилика 3 мм дебелина. Исечете во облици какви ќе посакате и наредете ги во тепсија.
  3. Печете 15-20 минути, додека не почнат да добиваат боја. Изладете и чувајте ги во затворен сад.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*