Ароматично пире од карфиол

Ароматично пире од карфиол

Лукот на ова јадење му дава заводлива арома…

Состојки:

  • 1 главица карфиол
  • 3 шолји вода
  • 4 чешниња лук
  • 1 лажичка сол
  • бибер
  • лист ловор
  • 1 лажица путер
  • млеко (по потреба)

Начин на подготовка:

  1. Згответе посолена вода на средна температура. Кога ќе почне да врие додајте карфиол искинат на цветови, лук и ловор. Кога карфиолот ќе стане мек, процедете ја водата и извадете го ловоровиот лист. 
  2. Додајте путер и почекајте да се растопи. Изгмечете карфиол и разматете со миксер, а сол и бибер додајте по желба. Доколку сакате во пирето можете да додадете малку млеко.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*