Ментол колачи – Ново вкусно доживување со 8 состојки

Ментол колачи – Ново вкусно доживување со 8 состојки

Направете вкусен ментол колач, кој е вистинско ремек дело од кујната.

Еве ги состојките, како и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 200 гр маргарин
  • 100 гр црно чоколадо
  • 100 гр млечно чоколадо
  • 3 јајца
  • 330 гр шеќер
  • малку сол
  • неколку капки ментол арома
  • 220 гр брашно

Состојки за глазура:

  • 100 гр чоколадо
  • малку масло

Начин на подготовка:

  1. На оган ги топиме маргаринот и двата вида чоколадо додека да се соединат.
  2. Плехот обложете го со хартија за печење.
  3. Пенасто се матат јајцата со шеќерот, се додава смесата со чоколадо, ментол аромата и малку сол.
  4. Уште малку се мати, се додава постепено брашното, па убаво се меша смесата.
  5. Се става во плехот и се пече во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.
  6. Се сече на поголеми парчиња и се полева со чоколадната глазура направена со чоколадото растопено со малку масло.
  7. Украсувањето со чоколадната глазура можете да го направите и во чинија за сервирање.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Повеќе десерти на Gotvi.mk:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*