Вкусен и мек цимет колач – Се топи во уста, многу едноставен рецепт

Вкусен и мек цимет колач – Се топи во уста, многу едноставен рецепт

Направете вкусен цимет колач за сите сетила. Веднаш ќе се изеде, а најважно од сè, не е тежок за подготовка.

Еве што ви е потребно:

Состојки за кора:

  • 3 шолји брашно
  • 2 шолји шеќер
  • 2 шолји млеко
  • 2 кесички цимет
  • 1 кесичка сода бикарбона

Фил:

  • 6 лажици џем
  • 100 гр чоколадо
  • 1 лажица рум

Глазура:

  • 100 гр чоколадо
  • 1/2 мала шолја млеко
  • 20 гр маргарин

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги сите состојки за кора, убаво измешајте и соединете ги, па поделете ја смесата на половини. Печете ги половините во загреана рерна на 200 степени по 15 минути.
  2. Кога кората е готова, извадете ја од шпорет, а во меѓувреме направете фил. Измешајте го чоколадото со џемот, растопете ги кратко на оган, па ставете ги врз кората. Врз нив ставете ја и втората кора.
  3. Вратете го колачот да се допече уште 15 минути на иста температура.
  4. Топиме чоколадо со маргарин и млеко и со добиената смеса го поливаме колачот.
  5. Кога ќе се подолади, исечете на коцки, а одозгора украсете со мрвици, бомбони или нешто друго по желба.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Домашно Тоблероне со Кока кола

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

Баклава

Баклава со вишни

singlepost_text