Необични мафини со коприва

Необични мафини со коприва

Вкусни, мали залаци – необични мафини со коприва…

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 дл масло
  • 200 гр фета сирење
  • 100 гр кисела павлака Пекабела
  • 200 гр обварени и исечкани коприви
  • сол
  • 250 гр брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 дл млеко
  • семки од сусам

Начин на подготовка:

  1. Обварете ги копривите и ситно исечкајте ги.
  2. Разматете 2 јајца, додајте масло, кисела павлака, сирење, брашно, прашок за печиво, млеко и коприви.
  3. Добро соединете и масата ставете ја во калап за мафини претходно намастен со масло. Посипете со семки сусам.
  4. Печете на 180 степени 30 минути.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*