Не го фрлајте стариот леб – Направете ја највкусната гибаница

Не го фрлајте стариот леб – Направете ја највкусната гибаница

Никогаш не фрлајте храна! Наместо да го фрлате стариот леб, направете деликатес од него. Со неколку парчиња ќе направите вкусна гибаница.

Еве го рецептот и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 16 парчиња леб
  • 2 јајца
  • 1 лажиче сол
  • 500 гр сирење
  • 2 дл јогурт
  • 120 гр путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажички ким

Начин на подготовка:

  1. Во чинија се матат јајцата со сол, се дроби сирењето и се додава истопениот путер, па сè се меша да се соедини.
  2. Се додава и јогуртот и повторно се меша. НА овој начин го правите филот.
  3. Премачкајте огноотпорен сад со масло и ставете половина од лебот, па врз него половина фил.
  4. Потоа, се става и другата половина од лебот, па фил, а најгоре ким.
  5. Се остава да впие околу половина час до еден час. Печето во загреана рерна на 180 степени, додека да порумени.

Совет: Во филот можете да додадете и тиквичка, морков, како и потпржена Пекабеско сланина.

На здравје!

Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Оригинален рецепт за гибаница со сирење и кајмак

Брза похована гибаница

Гибаница од само три состојки

Рецепт за најбрзата гибаница

Вистински хит, ова не сте го јаделе: „Гибаница-прженица”

БАБА ЗНАЕ НАЈДОБРО: Гибаница без кори – СОВРШЕНО

ВИДЕО ХИТ: Домашна гибаница мека како душа

Гибаница повкусна од бурек – не сте пробале вакво нешто

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*