Рафаело торта полнета со кокосови топчиња (Видео)

Рафаело торта полнета со кокосови топчиња (Видео)

Торта идеална за сите прилики и празници!

Состојки:

  • 100 мл вода
  • 150 гр маргарин
  • 150 гр шеќер
  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 150 гр кокос
  • 200 гр слатка павлака
  • 200 гр шлаг
  • 200 гр млеко во прав
  • 2 лажици какао
  • 6 лажици брашно
  • 1/2 прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Ставете вода во тенџере, додајте шеќер и маргарин. Кога ќе зоврие додајте кокос и млеко во прав и измешајте. Кога ќе се излади обликувајте топчиња и оставете ги 2 часа во замрзнувач.
  2. Разматете јајца со 6 лажици шеќер, додајте брашно, прашок за печиво, масло и измешајте.
  3. Поделете ја смесата на половина. Во едниот дел додајте какао. Тепсијата обложете ја со хартија за печење, па ставете го прво светлиот дел, а потоа темниот преку и израмнете.
  4. Наредете топчиња кокос, потоа притиснете ги да пропаднат низ тестото. Печете на 200 степени околу 30 минути.
  5. Тортата изладете ја, разматете слатка павлака и шлаг, потоа измешајте и филувајте ја тортата. Кога добро ќе се излади исечете и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*