Најбрзи и највкусни панцероти – Утрото може да почне (Видео рецепт)

Најбрзи и највкусни панцероти – Утрото може да почне (Видео рецепт)

Ова утро почнете го со вкусни панцероти со богат фил на кои им нема замена.

Ова се потребните состојки и начинот на подготовката:

Состојки:

  • 40 гр квасец
  • 2 лажички шеќер
  • 250 мл млако млеко
  • 250 мл млака вода
  • 2 лажици масло
  • 2 лажички сол
  • 600 гр брашно
  • масло за пржење

Состојки за фил:

  • 300 гр кашкавал
  • 300 гр шунка
  • кечап

Начин на подготовка:

  1. За почеток, загрејте ги во поголем длабок сад млако водата и млекото, соединете ги, па ставете го и квасецот со шеќер и чекајте да нарасне.
  2. Додајте ги маслото со солта и промешајте, а потоа ставете го и брашното. Замесете тесто, покријте го со крпа во сад и чекајте да нарасне околу 45 минути.
  3. Кога ќе нарасне тестото поделете го на два дела, а потоа формирајте правоаголници и филувајте ги со сечкана ил и рендана шунка, кашкавал и кечап. Може да додадете и зачини по вкус.
  4. Затворете ги панцеротите и стиснете ги на краевите да не тече филот. Нека отстојат 15 минути, а потоа испржете ги во врелото масло.
  5. Ставете ги на хартија да ја впијат маснотијата.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Домашни полнети панцероти

Панцероти со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Почнете го денот со витаминска бомба

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*