Нема месење, стоење на нозе и долго чекање – Мали погачи за појадок или гости

Нема месење, стоење на нозе и долго чекање – Мали погачи за појадок или гости

Направете вкусни и брзи погачи кои се одлични за појадок или вечера, како и за гости за празниците.

Ова е рецептот за вкусното мезе без месење и долго стоење на нозе:

Состојки:

  • 2,5 шолји брашно
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 шолја јогурт
  • 1/2 шолја млеко
  • 1 прашок за пециво

Состојки за фил:

  • 1 јајце
  • 100 гр сирење
  • сусам
  • парче маргарин

Начин на подготовка:

  1. Подготовката е лесна, брза и едноставна и нема долго стоење на нозе или месење. Ви треба длабок сад, да ги ставите сите состојки за тесто, добро да соедините со мешање.
  2. Вадете со лажица од тестото на тава со хартија, а на средина ставете го филот.
  3. Филот се прави во еден сад каде ќе разматите јајце, ќе го изроните сирењето и ќе соедините.
  4. Направете облик на погача и затворете ја.
  5. Секоја погача премачкајте ја со маргарин и ставете и сусам, па печете околу 20 минути во загреана рерна на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

Почнете го денот со витаминска бомба

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*