Пилешко во јогурт – Јадење кое ќе сакате да го пробате!

Пилешко во јогурт – Јадење кое ќе сакате да го пробате!

Нема да му одолеете на фантастичниот вкус на вака приготвеното пилешко месо.

Еве ги рецептот и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 6 пилешки шницли
  • 1/4 шолја јогурт
  • 2 лажици мајонез
  • 2 лажички сенф
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка оригано
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

  1. Месото исчукајте го да стане со дебелина на шницли, па посипете го со зачините. Загрејте масло и испржете го пилешкото рамномерно од двете страни.
  2. Добро измешајте ги јогуртот, мајонезот, сенфот, сокот од лимон, медот и ориганото. Оставете 15 минути да отстои за убаво се соединат вкусовите.
  3. Наредете ги пилешките шницли на чинија, па прелијте ги со подготвениот сос. Послужете со варен ориз, компири, тестенини или со прилог по ваш вкус.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*