Направете брзи, вкусни и посни десерт топчиња, кои веднаш ќе се изедат.
Еве како да го направите:
Состојки:
- 1 кг костени
- шеќер во прав по вкус
Начин на подготовка:
- Костените прво сварете ги, па излупете ги. Се пасираат, па им се додава постепено шеќер во прав, додека да се добие компактна смеса. Пробувајте ја смесата за да процените кога е доволно шеќер.
- Се формираат топчиња, па се декорираат по желба.
- Може да ставите растопено посно чоколадо, па совршено ќе ви се вклопат за Бадник и бадниковата вечера.
Уживајте во овој вкусен десерт 🙂
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди